Жителите на кичевското село Белица во пресрет на Беличките средби што ќе се одржат кон крајот на месецов забрзано се подготвува, а меѓу другото го подготвува и малиот амфитеатар во средината со големиот македонски симбол – шеснаесеткракото сонцет од Кутлеш.

– Белица се радува и на уметнички дела се насладува. Вака е приквечерината кога се гледа како нашите уметници го украсуваат малиот Амфиеатар во пресрет на Беличките средби на 20 и 21 јули 2019 година. На помош и за многу години беличани, наши пријатели, наши Македонци, порачаа беличани на Фејсбук.

Тие редовно ги обновуваат и знамињата со сонцето од Кутлеш што се веат низ Белица.

Како што е најавено Владата од Илинден овој македонски симбол има намера да го забрани за јавна употреба.