Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез во 22-тата минута од натпреварот од третото коло од Купот на Америка против Чиле (1:0) побара пенал, затоа што голманот Габриел Аријас играше со рака.

Триесет и две годишниот Уругваец се обиде да уфрли една топка во голманскиот простор, но Аријас интервенираше и ја одби топката во корнер. Суарез најпрво гестикулираше дека голманот играл со рака барајќи пенал, за по некој момент да сфати дека направил гаф.

Во четвртфиналето Уругвај ќе игра со Перу.