Шеесет и седум поранешни раководители на специјалните служби на САД застанаа на страна на екс дирекотрот на ЦИА, Џон Бренан во неговата „војна“ против легално избраниот актуелен претседател на САД, Доналд Трамп.

Критиката на сметка на Трамп ја потпишале – Роберт Гејтс, Вилијам Венстер, Џорџ Тенет, Портер Гос, Мајкл Хајден, Леон Панета и Дејвид Петреус.

Тие нагласуваат:

„Ние бившите разузнавачи од висок ранг принудени сме да одреагираме на непромислените замерки и потези на Белата куќа кои се без преседан, а се однесуваат на лишување на Џон Бренон од пристапот кон тајните инфомрации. Бренон е неверојатно способен патриот кој цел живот го посвети на служење на народот. Инсинуациите дека постапувал спротивно на положбата на директор на ЦИА се целосно невтемелени“

Тие уште додале и дека забраната на Бренон претставува гушење на „слободата на говорот“.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс претходно обајви дека Трамп го лишил Бренон од пристапот кон тајни информации за да спречи нивно истекување.

Инаку, се смета дека Бренон е активен играч во подготвување на Тиранската платформа за Македонија, по што следеше наредбата до Али Ахмети дека не смее да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа водеше кон создавање на движењето „За заедничка Македонија“ и местенката на 27 април, заедно со нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието за што Уставниот суд и Обвинителството на Јовевски и натаму се сокриени во глувчешка дупка.