Кулинарското шоу „Брза кујна“ кое се емитува на телевизија Сител, за три сезони успеа да им се наметне на гледачите и да стане најпопуларната емисија од ваков тип.

Марк, Александра и Никола се задолжени за тоа да изгледа како што изгледа, а неверојатно брзите оброци кои ги подготвуваат шефовите – ја мамат публиката да дојде и непосредно во студио.

Водителката Александра често знае да спомене дека кандидати за публика секогаш има, кои нема момент, а да не се расположени да пробаат од специјалитетите на Марк и Никола.

Онаа која не одолеа, а да не „провали“ и ѕирне што останало во фрижидер, е нивната колешка Маријана Станојковска.

Откако се изгасија светлата и се исклучија камерите, Марјана крадешкум влезе во студиото на „Брза кујна“.

Дали зачекала нешто од специјалитетите, не знаеме, но сигурно е најсепсапилната „провалничка“ на популарното кулинарско шоу.