Корисници на социјалните мрежи забележа невообичаен детаљ на фотографиите на Киану Ривс со фановите (поточно обожавателките).

Имено, се чини дека актерот избегнува да ги допира своите обожавателки при позирањето. Ривс (54), на многу фотографии со нив, ги тргнува рацете од грбот, иако има поза како да ги прегрнува.

„Погледнете му ја десната рака”, „Можеби тој се обидува да ги избегне обвиненијата од #MeToo”, „Тој е вистински господин”, „Ова му е доказ во случај на тужба”, „Внимава за суд”, „Знае дека би го обвиниле за сексизам” , „Тој е прочист за овој свет”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, Киану го бие глас дека е најдобар човек меѓу ѕвездите, а неодамна беше обелоденето дека тој со години донира пари за детски болници.

„Имам фондација која постои веќе неколку години, им помага на детските болници и помага во истражување на ракот. Не ми се допаѓа кога моето име го поврзуваат со неа, само ги давам парите и оставам да прави тоа што го прави”, вели актерот во едно интервју.

Киану промовира истражувања поврзани со ракот и од лични причини. Имено, неговата сестра починала од леукемија во деведесеттите години, но актерот не зборува премногу за тоа.