Од февруари, Мараја Кери е на турнеја низ неколку градови во САД и продолжи во Европа. Како што обиколката и е на самиот крај, Мараја Кери одлучи да го прослави успехот на нејзината турнеја со совите пријателки, меѓу кои Наоми Кембел, Памела Андерсон и Кејт Мос.

За собирот на женското друштво разбираме од Инстаграм, каде што пејачката објави фотографија со девојките.

„Грлс најт аут“, напиша Мараја, а малку подоцна Памела Андерсон додаде во коментар дека ја сака.

Можеби тие веќе се во години, но нема дилема дека сите четири девојки изгледаат одлично.