Безживотно тело на момче утрово околу 9:45 било пронајдено мртво во својата вила во село Ѕвегор, Делчевско. Телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт.

Десет минути по екипата на Итната медицинска помош пристигнале двајца инспектори и јавен обивнител. Подоцна е утврдено дека се работи за лицето со иницијали А.З. Некои портали, објавија непотврдени информации дека трагично починатото момче е син на поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев.

Од  полицијата најавија дополнителни информации за трагичниот настан.