Кевин Дурант потпиша со Бруклин, каде што ќе биде соиграч со Каири Ирвинг, а „Јаху спортс“ има детали за договорот на Кеј Ди со Нетс.

Изданието пишува дека договорот на суперѕвездата со „мрежите“ е за четири години со формат 3 + 1, а последната од нив може да биде активирана само по желба на Дурант и така тој може да се најде на пазарот како слободен агент во 2022 година.

Десеткратниот учесник во Натпреварот на ѕвездите е во почетната фаза на рехабилитација како последица на операцијата, која ја претрпе поради повреда на Ахиловата тетива, а во таборот на неговиот нов тим не ја исклучуваат можноста да го видат на теренот уште во оваа сезона.

Ова го изјави генералниот менаџер на Бруклин Шон Маркс, кој рече дека не исклучува било што како опција, но не се ангажира со конкретни проекции, бидејќи сè уште е во многу рана фаза.