Професорката Тања Стојановска Иванова, чест гостин во ТВ емисии, која од вчера е во новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ, предизвика реакции и потсмев на социјалните мрежи.

– А замисли жена му на Латас да беше во ИК на ВМРО, од земја ќе се трескаа, гласи еден од бројните коментари на Фејсбук.

Стојановска – Иванова е сопруга на новинарот Мишко Иванов од ТВ 24.

– Од независни новинари го издвојуваме Мишко Иванов на кого сопругата му стана член на ИО на СДСМ, гласи друг коментар на социјалните мрежи.

Покрај Иванова нови членови на ИО на СДСМ станаа: Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Костадинов, Есра Салихи, Ѓоко Танасовски, Весна Гершан, Васко Талески, Драган Тевдовски, Салија Љатиф, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.