Меган веќе некое време престојува во Канада, каде што треба да живее заедно со сопругот и малиот Арчи, по заедничката одлука да станат финансиски независна и да го напуштат кралското семејство.

Сопругата на принцот Хари е фотографирана како шета со малиот Арчи и две кучиња, а поради оваа фотографија доби многу критики.

Корисниците на социјалните мрежи испратија остри зборови и критики на сметката на Меган, поточно за начинот на кој таа го носи „малиот принц“.

Тие и забележуваат дека и по 8 месеци од породувањето, таа не знае како правилно да го држи Арчи.

„Таа не знае како правилно да го држи бебето (нашиот принц)“, „Не знае да се грижи за бебето како што треба“, „Арчи изгледа како да не му е удобно во рацете на Меган“, „Нека некој конечно и покаже на Меган како се држи бебе пред Арчи да и испадне“се некои од коментарите на социјалните медиуми.

Кенгурчето за бебе кое го носи Меган очигледно може да се носи на многу начини, но проблемот се појави кога тоа и се лизна од рамената, што предизвика лавина негативни коментари за Меган како мајка.