Според експертите, „менталниот имунитет” е основа на емоционалниот отпор. На ист начин како што студот или грипот можат да го ослабне здравјето на некој кој е веќе болен, ситни нарушувања или загрижувачки мисли можат да го сторат истото на некој кој не е ментално силен.

Менталниот имунитет е она што се случува кога го поставуваме нашиот ум, така да тој не очекува страшни мисли или предизвици од надворешниот свет, туку да ги толерираме кога ќе се појават. Во целата приказна, најважна е промената на целта во животот и наместо да избегнувате болката треба знаете да ја препознаете.

Менталниот имунитет не е во состојба да се спротивстави или негира негативни мисли, но може да ги набљудува, а да не дејствува врз нив или автоматски да поверува дека тие ја претставуваат реалноста.

Кога ќе го зајакнеме сопстевниот ментален имунитет, во состојба сме да станеме трето лице во набљудувањето на нашите мисли и чувства. Во овие ситуации можеме да го идентификуваме она што ни треба, што не сакаме, и што навистина ни е важно. Преку процесот на реинтеграција или не давање отпор, стануваме поспособни да ги толерираме мислите што нè заплашуваат. Колку се помалку реактивни, толку повеќе можеме да научиме.

Често постои нездрава коренска поврзаност со повторувачки негативни мисли или чувства што ги имаме, но способноста да се справиме со овие непријатни чувства не само што ќе ни помогне да ги надминеме одредени проблеми, туку и да го подобриме животот и на други начини.

Значи, сега знаеме дека менталниот имунитет е од исклучителна важност, но кога и како да почнеме да го градиме?

Постојано, но полека напредувајте

Ако имате за цел да ги подобрите вашето однесување еден процент или со механизмите за соочување со стравот секој ден, тоа ќе биде многу поефикасно отколку обидот одеднаш да направите радикална промена на вашиот живот.

Обидете се да не се идентификувате со она со што се борите

Многу луѓе кои го поминале својот живот борјќи се со вознемиреноста почнуваат да прифаќаат дека тоа е составен дел од нивната личност. „Јас сум анаксиозна личност” или слични фрази се чести, но не и нужно вистинити. Вклопување  на некоја идеја за себе во вашиот идентитет значи дека верувате дека тоа е она што сте во основа, што прави таа идеја многу потешко да се промени подоцна.

Престанете да се обидувате да го искорените стравот

Очекувајте ужасна мисла, но сфатете дека таа не секогаш ја одразува реалноста.

Интерпретирајте ги „чудните” или вознемирувачки мисли како знаци, а не како реалност

Ако се плашите од брзо возење, или ако се плашите да изгубите работа, или ако сте сред некоја природна катастрофа, размислете што тоа би можело да претставува во вашиот живот.

Бидете подготвени да ги видите промените

Кога луѓето се борат со нешто долго време, може да постои отпор нешто да се смени. Подготвеноста нешто да се  промени, само почнува да ги менува работите. Ако не можете да направите ништо друго во еден ден, кажете гласно: „Јас сум подготвен да ги видам промените на себеси”.