Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, се надева дека една од ѕвездите во тимот, Кристијан Ериксен ќе остане, и покрај фактот што има сериозен интерес кон него.

Данскиот играч сака нов предизвик, а понуди за него подготвуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

– Се надевам дека ќе остане. Тој е прекрасен играч, еден од најголемите таленти во фудбалот. Пет години работиме заедно и знаеме кој што сака. Но, интересот за него е огромен. Се надевам дека ќе останам во Тотенхем, но не знам што ќе се случи, рече Поцетино.

„Петлите“ се далеку поактивни во овој трансфер прозорец и веќе ги привлекоа Танги Нембеле од Лион и Џек Кларк од Лидс. Киеран Трипие замина во Атлетико Мадрид, додека Тоби Алдерваирелд чека некој да ја плати неговата клаузула од 25 милиони фунти.

Во последниве неколку недели, активно се споменува дека Тонхам има интерес за Џовани Ло Селсо од Бетис и Дани Себаљос од Реал Мадрид.