Новото засилување на Барселона ова лето, Антоан Гризман, ја направи својата прва изјава како фудбалер на Каталонците.

Францускиот репрезентативец премина на „Камп Ноу“ вчера, откако клубот ја плати клаузулата за ослободување од 120 милиони евра. Трансферот го предизвика гневот на Атлетико Мадрид, кој ја обвини Барса за незаконски преговори со напаѓачот.

– Како дете, татко ми ме научи дека возовите не поминуваат само по еднаш. Дојде време да се впуштам нов предизвик и да преземам по нов пат. Нашите патишта со Барселона конечно се пресретнаа. Ќе ги бранам боите на Барса со решителност и посветеност. Тоа е нашиот момент, нашиот пат, рече Гризман на официјалната веб-страница на каталонскиот гигант.