Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде времето на чекање е околу 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија.

Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај село Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.