Една од светлите точки на Реал Мадрид минатата сезона – Виничиус Жуниор, сега ќе биде пријавен за настап во вториот тим на „белите“, тврди „AС“.

Зинедин Зидан очигледно има намера често да го праќа во Сегунда „Б“ каде ќе собира искуство под раководство на Раул.

Виничиус блесна во Ла Лига, откако Сантијаго Солари му даде шанса во првиот тим на „лос меренгес“.

Новите засилувања Родриго и Кубо исто така нема да бидат официјален дел од сениорскиот тим на Реал. Првиот ќе биде пријавен во Реал Мадрид Кастиља, а вториот – кон младинскиот тим „Џувенил A“.

Според нормативните на Ла Лига, ако Виничиус одигра над 10 средби за првиот тим, тој нема право да се враќа во вториот. Во исто време Родриго може постојано да ги менува тимовите, бидејќи е за година помал.