Единаесет години ВМРО – ДПМНЕ ги игнорираше потребите на земјоделците, а мерките важеа само за  селектираните и партиски луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со нивните манипулации со јавноста и ширење на дезинформации. Обработката и доделувањето на  договорите за мерката Млад земјоделец   се во завршна фаза.

Денес, за разлика од тоа време покрај  неселективниот  пристап кон земјоделците, се поставија нови критериуми со бодувања во зависност од учеството во инвестицијата, нејзината местоположба и типот на опремата или инвестицијата.

Уште за првиот оглас во 2017 година, се склучија 424 договори со млади земјоделци до 40 години, за што вкупно се исплатија 4 милиони евра.

Во новата Програма за рурален развој 2019 година, се зголеми неповратната финансиска помош од 10.000 на 20.000 евра и се острани границата од 18 месеци за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што се отвора мерката за повеќе млади луѓе да конкурираат.

Големиот интерес од страна на земјоделците за мерката Млад земјоделец е уште една потврда за отвореноста и пристапноста на мерките кои ги нуди Министерството за земјоделство , водостопанство и шумарство и потврда за вистинска грижа за земјоделците.

Соопштение на СДСМ