За само 2 години, благодарение на државничкото однесување, храбрите одлуки и мудри политики на Зоран Заев, земјава е светол пример, пријател со демократскиот свет, соопшти денеска СДСМ.

– Режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го урна меѓународниот углед, не скара со демократскиот свет и создаде заробена држава, оддалечена од ЕУ и НАТО. Меѓународниот углед на РС Македонија никогаш не бил подобар. Досега 20 земји го ратификуваа Протоколот за пристапување на С. Македонија во НАТО, со ова темпо до крајот на годинава, нашата држава ќе биде рамноправна членка на најмоќниот воен и безбедносен сојуз. Имаме најпозитивен Извештај од ЕК и чиста препорака, до крајот на годината очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ. Фрустрираниот Мицкоски никако не може да се помири со успехот на Зоран Заев, се вели во соопштението.