СДСМ годинава продолжува со инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти, кои се гарант за рестарт на македонската економија и основа за подобри услови за економијата и подобар живот за сите граѓани, соопшти денеска владејачката партија.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Во Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции се планирани околу 23 милијарди денари, што е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година.

Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава.

Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта.

За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра.

Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра.

Се градат вкупно 574 станови за најранливите категории граѓани во 7 општини, а оваа година планирана е изградба на уште 5 нови згради со вкупно 202 домови за социјално загрозените граѓани.

Забрзано се реализира и процесот на гасификација. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен, како и кон Тетово и Гостивар.

СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи, останува посветена на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и на државата.