Народното собрание на Република Турција вечерва го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.

– Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ратификацијата на Протоколот ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин.

– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува С. Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин на Твитер.

Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата.