Лето е, но не е намалена работа на Владата, објави вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

– Од денешната седница на Владата: Градиме преговарачки позиции и структура на преговарачките тела со ЕУ. Имплементираме делови од Договорот со Република Бугарија. Го унапредуваме моделот за полагање на правосуден испит. Летниот период не значи и намалена динамика на работа на Владата, објави Шеќеринска.