Стотици мемиња со потсмев се раширија на интернет по вчерашната фото сесија на највисокиот државен врв на Македонија на полигонот Криволак.

На социјалните мрежи има илјадници коментари, со потсмев кон политичарите кои со војнички шлемови на главите се сликаа на воениот полигон, а потоа сите на своите профили на социјалните мрежи објавија галерии со фотографии.

Една од многуте духовити фотомонтажи и мемиња на социјалните мрежи е и оваа со „еколошки шлем“ на главите на политичарите од државниот врв.