Скопјанката Ивона Јовановска е добитникот на автомобил од инстатн лотаријата Биди ВИП вози ЏИП на Државна лотарија на Македонија.

Како што информираат, таа вчера ги подигна клучевите од новиот автомобил Jeep Compass.

-Јовановска од Долно Лисиче, Скопско, по една прошетка во Капитол Мол го посетила и среќното место на Државна лотарија лоцирано во Молот. Купила три инстант лозови БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП и се упатила во кафулето ДежаВу каде ги изгребала и лозовите. Во моментот кога келнерот ги послужувал таа на сиот глас извикала „ЏИИИП“, наведуваат од Државна лотарија на Македонија.