Четворица Грци се уапсени под сомнение дека нападнале учесници на геј парадата во Солун.

Тие им пришле на еден Грк и на еден Италијанец кои учествувале во маршот, по што почнале вербално да ги навредуваат. Потоа им го одзеле знамето со боите на виножитото и ги фрлиле во море.

Гркот и Италијанецот биле одвоени од главната група и тоа им ја олеснило работата на напаѓачите. Иако биле фрлени во морето, тие не се здобиле со никакви повреди.

Полицијата соопштила дека на маршот, седми по ред во северна Грција, имало околу 5000 учесници.