Најдобрите три клуба од Шпанија, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико (Мадрид) потрошија најмногу пари за нови фудбалери од сите европски гигнати. Вообичаените осомничените – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, до моментов се доста тивки.

Барса плати 120 милиони евра за Антоан Гризман, додека Диего Симеоне даде 126 за неговиот заменик – Жоао Феликс.

Во Реал, Еден Азар „слета“ за 100 милиони евра. Ова се најголемите трансфери на трите екипи досега.

Досега Реал потрошил 303 милиони, Барселона 235,додека Атлетико се раздели 207 милиони за нови засилувања

Клубовите кои до денеска дадоа најмногу пари за трансфери:

1. Реал (Мадрид) – 303 милиони евра
2. Барселона – 235 милиони евра
3. Атлетико (Мадрид) – 207 милиони евра
4. Борусија (Дортмунд) – 127,5 милиони евра
5. Баерн Минхен (Минхен) – 118 милиони евра
6. Севиља – 111,5 милиони евра
7. Рома – 95 милиони евра
8. Астон Вила – 93,1 милиони евра
9. Манчестер Сити – 90 милиони евра
10. Интер – 85,5 милиони евра