Сопственик на ноќен клуб удира вработен, бидејќи не станал кога тој влегол во просторијата. Сведоци тврдат дека не му е првпат да удира вработени ако станат кога тој влегува.

Инцидентот е снимен во ноќен клуб во областа Бешикташ, општина во Истанбул и објавен на социјалните медиуми.

На видеото се гледа како сопственикот на ноќниот клуб Сахин С., му удира шамар на вработениот на рецепција по име Енвер. Потоа тргнува да ја удри и Ѓаје Акил, а Енвер се обидува да ја заштити својата колешка.