Бидејќи еуфоријата околу матурските за кратко време ќе биде во полн ек сигурно тоа ја потсетило познатата балканска дива Цеца на нејзината матурска прослава.

Па така Цеца Ражантовиќ на нејзината официјална страна на Инстаграм споделила фотографија од 1991 година. Некои шпекулираат дека токму ова е нејзината матурска фотографија поради тоа што повторувала неколку одделенија во средното училиште и завршила со задоцнување.

На фотографијата Цеца изгледа многу поразлично од денес но се гледа дека и тогаш била модерна и средена од глава до пети.

Многумина искоментираа дека од фотографијата се гледа дека Цеца денес има многу естетски корекции кои навистина не и биле потребни.