„Сајберпанк 2077“ е продолжение на антологиската видеоигра од 1988 година – „Сајберпанк 2020“. Како што вели и насловот, приказната е сместена 57 години подоцна.

Во најавниот видеоспот, како еден од водечките се појавува и ликот на холивудскиот глумец Кијану Ривс, што секако ги заскокотка гејмерите љубители на жанрот акција.

Компјутерски генерираниот Ривс во спотот, засега, има задача само да го најави датумот кога играта ќе излезе во продажба – 16 април 2020 година.