Ќе беше многу „без везе“ да се откажевме од одење на Евровизија и со тие пари да купевме амбулантни возила, „пошто“ никој немаше да знае за нас, изјави пејачката Тамара Тодевска за ТВ 1.

Таа, како што е познато, го освои осмото место на годинашниот Евросонг во Израел, а завчеравечер на аеродромот во Скопје беше пречекана како победничка.

Кога сме кај името Тамара и амбулантните возила, тие што денес ја слават пејачката Тамара, и освоеното осмо место како победничко, само до пред неколку години во „Тамари“ пресметуваа многу вредности.

Дури и некрофилски го (зло)употребуваа несреќното девојче Тамара, а „мерцедесот“ што го купи поранениот премиер Никола Груевски, со кој сега се возат високите претставници од власта, го претвораа во „Тамари“ и амбулантни возила.

Тамара Тодевска: Ќе беше безвезе да купиме амбулатни возила и да не отидевме на Евровизија!

Тамара Тодевска: Ќе беше безвезе да купиме амбулатни возила и да не отидевме на Евровизија!

Gepostet von Дневна доза Политички Циркус am Montag, 20. Mai 2019