Кога наместо на работа, ќе се удри на трубачи и алкохол, како производ излегува соопштение како денешното од СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

– Што побргу се отрезнат, тоа подобро за државата. Две години освен крадење, Заев камен не фрли, ниту шајка закова, а го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на Македонија. Нивото е капитални инвестиции е ужас! Време е СДСМ да престане да ги манипулира граѓаните на Република Македонија. Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои што СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација. Откако Заев дојде на власт патиштата беа неосновано запрени подолг временски период, се вели во реакцијата од опозициската партија.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, се додава натаму, е проект целосно реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на Заев и неговите министри.

– СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгираше само рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип. Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.