Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. УВ- индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната температура од 21 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. УВ-индекс 8.

Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде во петок и сабота во попладневните часови.