Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 23 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, од петок со умерен до засилен северен ветер.