Вчера остварив средба со претседателот Стево Пендаровски, на која разменивме мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка со Владата, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

– Суштинската соработка меѓу институциите Претседател и Влада има за цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство на С. Македонија во ЕУ и во НАТО, објави Заев.