Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, го обвини советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон за заговор за започнување војна против Иран.

„Дали сакате да знаете зошто оние кои имаат докажана историја на омаловажување на дипломатијата одеднаш се интересираат за разговори”, објави Зариф на Твитер.

Тој во пораката на Твитер објави линк до статија објавена во 2017 година во магазинот Нешнел Ривју и ги повика да се прочита , како што наведе, рецептот на Болтон за уништување на иранскиот нуклеарен договор.

Зариф истакна дека Иран никогаш не ја напуштил преговарачката маса и додаде дека таканаречениот Тим Б, за кој Техеран тврди дека се залага за војна, во која е и Болтон, „ги извади” САД од разговорите и сега прави заговор за војна.