Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард имаа кошкање за време на тајмаутот ноќеска на натпреварот со Феникс санс.

До инцидентот дојде кога Дејвис почна да му кажува дофрла нешто на Хауард, кој седеше на клупа

та, а потоа стана по што почнаа меѓусебно туркање. Соиграчите мораа да ги разделат двајцата кошаркари за да не дојде до поголем инцидент.

Пред пресметката веднаш по прекинот на играта, Дејвис се обиде да го привлече вниманието на Хауард, но тој го игнорираше и отиде до клупата.

Калифорнијците го доживеаја и вториот пораз во два меча на стартот од сезоната (105:115). Со оглед на атмосферата во тимот, лошиот старт на еден од фаворитите за шампионската титула, не е изненадување.

Инцидентот на тајмаутот од натпреварот може да го погледнете на следниов ЛИНК.