Градоначалниците од СДСМ имале скоро идентичен начин на испумпување на пари од општинските буџети. Преку тендерски постапки фирми нуделе идентични производи со различни со различни цени и со различни големини и тоа со разлика од цени од 10, 20 или 50 пати, пониската цена е надвор од економската исплатливост а е со цел за да ја спушти вкупната цена на понудата, но затоа па повисоката цена, која е најчесто цена на производот кој најмногу потоа е нарачуван од општината е неколкукратно поголема.

Ова го истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција од која текстот го објавуваме интегрално:

Ваков пример за испумпување на општински пари, покрај во општините Бутел и Кисела Вода, примери кои ги презентиравме во изминативе денови, имаме и во општина Гази Баба, а тоа е овој договор потпишан помеѓу фирмата Електромикица и општината, од овој договор гледаме дека општината кабел ППОО – А 4х16 мм2 се нуди по цена од неверојатни 490 денари, додека ист таков кабел, но со дупло поголема големина, кабел ППОО – А 4х35 мм2 е понуден по цена од 60 денари, а овој кабел најверојатно никогаш не бил нарачан.

Уште поголема нелогичност и воочливост за местење на постапката гледаме во понудата на набавка на железни двостепени столбови, каде столбовите од 4.5 метри и 6 метри се наплаќани по цена 9.120 денари, а многу поголемите столбови од 8 метри и 10 метри се нудени по цена од 360 денари, тоа е разлика од над 30 пати во корист за помалите столбови, за кои е потрошен дупло помалку материјал.

Оваа набавка изобилува со разлика во цените на идентични производи, од кои едните се со енормно високи цени, додека тие кои никогаш не биле нарачани се и по 5 пати помали цени, имено сијалиците од 70 вати кои ги нарачувала општината биле понудени по цена од 9.450 денари, додека тие од 100 вати биле понудени по цена од 1.150 денари.

На овој начин во период од неколку месеци во период од мај до октомври 2021 година се испумпани над 11 милиони денари од општина Гази Баба.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да отворат постапка и да ги испитаат сите детали поврзани со овој случај. Да се утврди каде завршувале општинските пари испумпувани преку тендери кои силно индицираат на местење.