Белгиските власти го прекинаа производството на Киндер чоколадите во фабриката во Арлон, откако матичната италијанска компанија „Фереро“ достави „недоволни информации“ за неодамнешното труење со салмонела во Европа.

Белгиската агенција за безбедност на храна денеска го повлече целокупното производство на Kinder Surprise, Kinder Mini Eggs, Kinder Surprise Maxi од 100 грама и Киндер чокобонбони произведени во Арлон.

Европската агенција за безбедност на храната и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија дека од 5 април досега се идентификувани најмалку 134 случаи на салмонела, главно кај деца, во најмалку седум земји, а кои се поврзани со чоколадните јајца Kinder Surprise.