Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно провоцира во пресрет на утрешното отворање на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, во Пиринска Македонија.

Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.

– Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба утре да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, рече Џамбаски.