Делегацијата на Руската Амбасада предводена од заменик-шефот на мисијата Владимир Дjаков денеска учествуваше во комеморативна церемонија по повод 78-годишнината од ослободувањето на Скопје од нацистичките окупатори, соопшти Амбасадата на Руската Федерациа во Република Македонија.

– Претставниците на Амбасадата им оддадоа почит на борците со положување на венци кон Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на Михајло Апостолски, како и на Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата. Нека е честит 13 Ноември!- се вели во соопштението од Амбасадата.