Во период на агресивно негирање на македонскиот јазик од бугарска страна и особена сензитивност на јавноста по ова прашање, хирургот од Министерството за надворешни работи Бујар Османи, одлучи да не ги почитува Уставот и законите и при средбата со шпанскиот колега го погази македонскиот јазик“ велат од политичката партија Левица.

„Имено, иако Уставот предвидува дека единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик, Османи на официјалната средба користел единствено јазик на странска држава, односно албанскиот јазик.

Ова не е прв скандал што го прави министерот со шпанските колеги. Минатата година при посетата на Шпанија тој лобирал за признавање на Косово од оваа држава, скандал за кој јавно се пофалија од шовинистичката ДУИ!

Постапката за исфрлање на македонскиот јазик во меѓународните односи го оценуваме за антидржавен чин од претставата што ја спремаат режисерите на `Софиската платформа`, каде главни интерпретатори се Владата на СДСМ и ДУИ, на чело со Османи.

Левица најстрого го осудува ова смислено сценарио за „газење“ на македонскиот јазик“ – се вели во партиското соопштение.