Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) денеска ги осуди „жестоките удари нанесени од руските сили“ кои погодија неколку локации вброени во светското културно наследство во центарот на Одеса, вклучувајќи ја и црквата Преображение Господово, изградена пред повеќе од 200 години, пренесува БТА.

Овие страшни уништувања се уште една ескалација на насилството врз светското културно наследство во Украина, изјави генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

Таа ја повика Руската Федерација „да преземе конкретни чекори за исполнување на своите обврски според меѓународното право во однос на заштитата на културното наследство“.