Уште еден протест на граѓани пред Владата кои побараа одговорност и детали од истрагата за случајот со Клиниката на онкологија и тврдењата дека терапија за болни од канцер се препродавала на црно. Велат дека не веруваат во правосудниот систем и институциите. Бараат истрага за евентуална вмешаност на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот директор на клиниката Нино Васев, проширување на истрагата за работата на детска онкологија и целосна ревизија на Онкологија. Гневни и револтирани очекуваат дека ќе ја добијат правдата.

Додека се уште се истражува што точно досега се случувало на Клиниката за онкологија и сега онколошките пациенти мака мачат со биолошката терапија. Се жалат дека нема терапија. Министерот за здравство Меџити признава дека има недостиг, но вели дека тоа е само за новодијагностицирани пациенти.

Собранието минатата недела го утврди составот на анкетната комисија која ќе треба да истражи дали има политичка одговорност за случајот на онкологија. Од обвинителството се уште собираат докази.