Околу 900 земјотреси денеска се регистрирани во јужниот дел на Исланд, покрај десетиците илјади потреси што го погодија регионот во изминатите недели, додека земјата се подготвува за евентуална вулканска ерупција.

Поради земјотресите во текот на викендот беа евакуирани речиси 4.000 луѓе.

-Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и, ако е така, каква штета ќе има, изјави раководителот на истражување во Исландската метеоролошка канцеларија, Метју Џејмс Робертс.

Речиси сите 3.800 жители на Гриндавика во саботата ги напуштија своите домови поради земјотресите.

Полуостровот Рејкјанес е вулканско и сеизмолошки жариште југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик. Лавата се појавија во март 2021 година од пукнатина во земјата долга од 500 до 750 метри во вулканскиот систем Фаградалсфјал во покраината Рејкјанес. Вулканската активност во областа траеше шест месеци. Тринеделна ерупција се случи во август 2022 година во истата област, по што следеше уште една во јули оваа година.