САД рано утринава извршија нови напади врз Хутите кои се подготвуваа да испукаат проектили во Црвеното Море, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Осврнувајќи се на нападите што веќе беа извршени во текот на ноќта, Кирби рече: „Ги извршивме повторно утрово насочени кон проектили за кои мислиме дека планирале веднаш да ги лансираат во Црвеното Море“.

Тој додаде дека американската воена команда на Блискиот Исток подоцна ќе објави детали за нападот.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека американско-британските напади врз Хутите во Јемен ќе продолжат и дека бунтовниците продолжиле да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.

Американската војска по четврти пат за помалку од една недела ги нападна Хутите.

Американските напади, бидејќи Блискиот Исток ризикува регионален пожар, дојдoa неколку часа откако Вашингтон уште еднаш ги опиша јеменските бунтовници како „терористи“.

Хутите, кои водат војна против јеменската влада речиси една деценија, се насочени кон трговските бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел во област клучна за меѓународната трговија.

Соединетите Држави одлучија да го предводат меѓународниот одговор на тие напади во договор со Обединетото Кралство и со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија.