Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое се гледа, како што тврдат, како „Бредли“ уништува руски тенк Т-90.

„Бредли“ е моќно оклопно возило од американско производство. САД ги испраќаа овие оклопни возила во Украина во неколку наврати за време на војната.

Украинското Министерство за одбрана не соопшти каде се случил овој настан, но велат дека се работи за 47-та механизирана бригада.

„Има работи што можете да ги гледате засекогаш. Како овој украински М2 Бредли ИФВ кој уништува руски тенк Т-90М“, објави украинското Министерство за одбрана.