Денешниот ден и денешниот избор го дава идниот претседател на Македонија. Но она што е важно, од денес ви најувавам дека на 8 мај следува комплетна промена во Македонија. Имаме незавршена работа, започната од последните локални избори. Комплетна промена, и двојна победа на претседателските и парламентарните избори. Да победи надежта, правдата. Триумф на народот кој ќе си ја врати Македонија во своите раце. Комплетната промена и поразот над неспособноста, победа на обесправените, на илјадниците кои сега ја губат надежта, и им велам доаѓа време на ПРОМЕНИ – изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

Вели со промените почнуваат од денес и завршуваат на 8 мај.

-За комплетна промена која мора да знае секој еден во оваа сала дека носи и комплетна одговорност. Го немаме луксузот за чекање, калкулирање, ниту пак на меден месец како некој го вика периодот од првите 100 дена. И тоа не Македонија за 10 години, туку држава која дава брзи резултати. Бидејќи овој народ нема трпение да чека да дојдат некакви подобри времиња за една, две декади. Доста е чекање. Чекавме сите премногу, а не се случи ништо, туку отиде се на полошо.
Македонија која оди напред и не запира. Македонија со средено образование, Македонија без хаос во здравството… Македонија без скандали и афери… со ред и поредок.

ПОБЕДА КОЈА ЌЕ БИДЕ НА ЦЕЛИОТ НАРОД, ДА ЗАСТАНЕМЕ СИЛНО ПОД СОНЦЕТО НА СЛОБОДАТА, НАДЕЖТА И ДА ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА.

И мора оваа победа да е јасна и убедлива и со 61 пратеник. Ова е моето настојување и ова мора да биде нашата заедничка мисија. И ќе кажам три причини за тоа.

61 пратеник за економски реформи кои се насушни и кои ќе дадат резултати веднаш.
61 пратеник за непоколебливо остварување на правдата и одговорност за сите кои правеле криминал.
И 61 пратеник за сигурно управување на институциите. Без уцени, без диктати.
И да си признаеме, не чека многу работа – рече Мицкоски.