Продолжувањето на патот кон Европската Унија и својување на европските стандарди е единствениот начин за големи, суштински и темелни промени во македонското општество – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски

Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека се уште е тешко. Не живеам во заблуда дека овие бројни мерки и политики ги решија сите отворени проблеми на граѓаните – рече Ковачевски

Како што искрено ги признавам сите направени грешки така ве гледам и ви ветувам: Заедно со мојот тим ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија.
Ден и ноќ за европски животен стандард, за подобро образование, подобро здравство, за сузбивање на корупција, за држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните – беше дециден Ковачевски

Потребен ни е европскиот стандард на живот за да им овозможиме на нашите деца и внуци да ги живеат своите соништа тука, во Македонија. Затоа продолжување на патот кон Европската унија и својување на европските стандарди е единствениот начин за суштински промени. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски