На социјалните мрежи се појави фотографија од доктор кој утрово, и покрај тоа што протестира, си ги извршува предвидените работни задачи.

На медицински фластер залепен на грбот му е напишано ПРОТЕСТИРАМ затоа што докторите, како што самите тврдат, се под секојдневен притисок, изложени на лаги и манипулации од власта.

Еве ја фотографијата која за кратко време стана вирална.

Немаат основни услови за работа, беа излажани за покачување на плата, секојдневно се под притисоци, изложени на навреди и деградации… Но, одговорно си ја вршат својата работа дури и кога протестираат! ❤️

Gepostet von Здравство – Македонија / Zdravstvo Makedonija am Freitag, 14. Dezember 2018