На епидемиолошката мапа на Европската унија во т.н. црвена зона во моментов има 10 држави во кои бројот на заразени со новиот коронавирус надминува 120 на 100.000 жители.
Во „црвената зона“ на картата на Европскиот центар за превенција и контрола на инфекциите се наоѓаат Шпанија (319 случаи на 100.000 жители во последните две недели), Чешка (303), Франција (245), Холандија (231), Белгија (206), Луксембург (161), Исланд (158), Унгарија (129) и Данска (128), а сега им се придружи и Велика Британија (135).
Велика Британија ја надмина границата од половина милион потврдени случаи на инфекција со Ковид-19, а британските здравствени служби вчера пријавија 22.961 нови потврдени случаи.
Уште четири земји се означени како „изложени на ризик“ кога станува збор за зголемувањето на бројот на пациенти со Ковид-19, а тоа се Романија (116), Австрија (114), Словачка (106) и Ирска (105).