Околу 100.000 луѓе се приклучија на денешните пропалестински протести во центарот на Лондон, марширајќи низ британската престолнина и барајќи итен прекин на огнот во Газа по нападот на Хамас врз Израел пред две недели.
Извикувајќи „Слободна Палестина“, со транспаренти и веејќи палестински знамиња, демонстрантите маршираа низ Лондон пред да се соберат пред Даунинг стрит, официјалната резиденција и канцеларија на британскиот премиер Риши Сунак.
Полицијата проценува дека 100.000 луѓе учествувале на демонстрациите „Национален марш за Палестина“, организиран од палестинската Кампања за солидарност.
Полицијата пред маршот предупреди дека секој што ќе покаже поддршка за Хамас, терористичка организација забранета во Велика Британија, ќе се соочи со апсење, а каков било случај на злосторство од омраза нема да биде толериран.
Протестот мина мирно и нема извештаи за апсења.
Бројките објавени вчера покажаа зголемување од 1.353 отсто на антисемитските инциденти овој месец во споредба со истиот период минатата година, додека исламофобичните инциденти се зголемија за 140 отсто. (МИА)
фото: ЕПА