Понекогаш ни се случува нешто добро и позитивно што целата грдост на светот за момент останува во втор план.
Неодамнешно видео ни покажа таков момент. Во еден мал град во Велика Британија, група на собирачи ѓубре (или „ѓубраџии“) планирала прекрасно изненадување за нивната омилена муштерика.
Мерси е слатка, темпераментна жена која живее таму каде што работат и секој ден кога собираат ѓубре, уживаат да зборуваат со неа.
Сега веќе ја гледаат како нивна сурогат баба. Кога откриле дека се приближува нејзиниот 100-ти роденден, тие не можеле да го пуштат денот, без да направат нешто за да и покажат колку е таа посебна за нив.
Во краткото видео, гледаме како еден од ѓубреџиите се приближува кон градината на Мерси и внимателно носи мала торта! На тортата има три осветлени свеќи, кои човекот ги штити со рака, за да не бидат изгаснат од ветрот.
Кога Мерси ја отвори влезната врата, нејзините пријатели почнаа да и пеат „Среќен роденден“, и беше очигледно дека таа е трогната од нивно изненадување.
Неверојатно е да се замисли колку приказни би можела да раскаже Мерси! Затоа што таа имаше околу 20 години кога започнала Втората светска војна во Европа. Не само тоа, исто така е нејасно колку живи роднини има за да и помогнат да ја прослави оваа годишнина, што го прави гестот на нејзините пријатели уште потопол!
Откако ја замолија Мерси да ги изгасне свеќите, еден од мажите рече дека се надева дека ќе доживее 105. Таа одговори: „О, замолчи“, што нè насмеа. Очигледно, бабата сака да се шегува.
Луѓето честопати можат да се чувствуваат како светот да ги заборавил, па токму затоа моменти како овој толку многу значат. Погледнете го слаткото изненадување во видеото подолу и споделете понатаму.